1000 потписи, за убавата македонска иднина на младите во Македонија!

1000 потписи, за убавата македонска иднина на младите во Македонија! Со пронајдениот ПРИНЦИПИЕЛЕН СИСТЕМСКИ НАЧИН за ЕЛИМИНИРАЊЕ И СУЗБИВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА И КРИМИНАЛОТ во општеството и државата.

ДА ГИ СОБЕРЕМЕ ПОТРЕБНИТЕ 1000 ПОТПИСИ за да може да учествуваме на Парламентарните избори 2024 г. Потписите се даваат лично ( од 8.00-20.00 ч.) Краен рок за собирање: 8-ми март, до 24.00 часот

За НЕЗАВИСНА ЛИСТА на кандидати за пратеници во Собранието предложена од ,,група избирачи“ Ана Бобинкова Мијаковска во ИЕ 1

Потписите се даваат во подрачните одделенија на ДИК кое ја покрива вашата општина, во ИЕ 1:

Подрачно одделение Карпош (надлежно за општините Карпош и Сарај). Ул. Стрезово бр.7 Козле (до средното угостителско училиште „Лазар Танев“, крајот на оградата, по скалите)

Подрачно одделение Центар (надлежно за општина Центар и Аеродром) На крајот од оградата на бараките на Општина Центар, има стрелки.

Подрачно одделение Кисела Вода (надлежно за општините Кисела Вода, Драчево, Сопиште, Студеничани) До општина Кисела вода, БАРАКА бр. 9

Подрачно одделение Чаир (надлежно за дел од Чаир, кој припаѓа во ИЕ1)(до полициската станица во Бутел)

Потребно е да имате со себе важечка ЛИЧНА КАРТА или ПАСОШ.

Да сте запишани во Избирачкиот список за Изборна единица 1.

За информации: 077/581-871, anabobin@yahoo.com.au

ВИ БЛАГОДАРИМЕ ОД СРЦЕ ♥