Драги Македонци, Ана е најзаслужната Македонка да биде пратеник во Собрание која дено-ноќно со години дежураше под шаторите пред Собрание, по снег и по дожд за да го одбрани нашето светло име Македонија.
Затоа ЧЕСНИ Македонци излезете и дајте ја вашата поддршка и потпишете се за Ана да собере 1,000 потписи и да биде кандидат на следните парламентарни избори.
Грабнете сили, повикајте ги Вашите пријатели и прошетајте се до најблиското подрачно одделение на Државната изборна комисија (ДИК) и дајте го Вашиот драгоцен потпис!
Ана посвети години и години за Македонија и сега заслужува Вие родољубни, чесни и хумани луѓе да одвоите само дел од Вашето време да го дадете Вашиот потпис и Ана да продолжи да го брани Вашето право и достоинство директно во Собранието.
Потребно е само да појдете во подрачното одделение на Државната изборна комисија (ДИК) во кое припаѓате по својата адреса на живеење (во една од овие наведени општини во Изборна Единица 1: Карпош, Сарај, Центар, Аеродром, Кисела Вода, Сопиште, Студеничани и дел од Чаир) и да кажете на одговорното лице дека сакате да се потпишете за ,,група избирачи“ Ана Бобинкова Мијаковска.
Треба да имате со себе важечка ЛИЧНА КАРТА или ПАСОШ.
Да сте запишани во Избирачкиот список за Изборна Единица 1.
За проверка во Избирачкиот список и за вашето избирачко место во Изборната единица 1, внесете го вашиот ембг и кодот https://izbirackispisok.gov.mk/
СВОЈОТ ПОТПИС може да го дадете само во подрачните одделенија на ДИК (во Изборна единица, ИЕ 1):
Подрачно одделение КАРПОШ (надлежно за општините Карпош и Сарај). Ул. Стрезово бр.7 Козле (до средното угостителско училиште „Лазар Танев“, се изминуваат објектите и на крајот на оградата по скалите).
Подрачно одделение ЦЕНТАР (надлежно за општина Центар и Аеродром) На крајот од оградата на бараките на Општина Центар, има стрелки.
Подрачно одделение КИСЕЛА ВОДА (надлежно за општините Кисела Вода, Студеничани и Сопиште) До општина Кисела вода, БАРАКА бр. 9.
Подрачно одделение ЧАИР (надлежно за дел од Чаир, кој припаѓа во ИЕ1)(до полициската станица во Бутел).
ВИ БЛАГОДАРИМЕ, ОД СРЦЕ