Собирање потписи за поддршка на поднесена независна листа на кандидати за пратеници од ,,група избирачи“ Ана Бобинкова Мијаковска, за Парламентарните избори 2024 година.
Почитувани суверени на Република Македонија, сонародници и сограѓани, по 7 години поминати во протести и бојкот на нелегитимниот Референдум 2018, кревање на народот против нелегитимните уставни промени, на името, бојкот на нелегитимниот Попис, два Конгреси на македонскиот народ, Жалба до ООН од македонскиот народ, поведени голем број на народни иницијативи и активности за заштита на нашите загарантирани човекови права и слободи, ,,јус когенс“ нормите, како правото на самоопределување, кои брутално се кршат од страна на нелегитимните кои повторно сакаат да ги добијат изборите!? НИЕ, 20-те предложени кандидати, сеприсутни и континуирано активни во македонскиот народен отпор против обесправувањето и геноцидот во 21-от век, сега ЈА БАРАМЕ ВАШАТА ПОДДРШКА СО ПОТПИС ЗА НЕЗАВИСНАТА (непартиска) ЛИСТА ЗА КАНДИДАТИ ЗА ПРАТЕНИЦИ ВО СОБРАНИЕТО НА РМ, поднесена од ,,ГРУПА ИЗБИРАЧИ” со носителот на листа АНА БОБИНКОВА МИЈАКОВСКА.
ДОКАЖАНИ, ЧЕСНИ, ДОБЛЕСНИ И ДОСЛЕДНИ РОДОЉУБИ за сите овие изминати години ПРОТИВ обесправувањето, узурпацијата, корумпирањето и криминализацијата на нашата татковина и држава, Македонија. ПРОТИВ НИШТОВНИТЕ, НЕЛЕГАЛНИ И НЕЛЕГИТИМНИ ДОГОВОРИ (РАМКОВЕН, ПРЕСПАНСКИ, БУГАРСКИ, ТИРАНСКА, ПРЖИНСКИ, ФРАНЦУСКИ и се што произлегува од нив) како и сите други НЕЛЕГИТИМНИ ЗАКОНИ, АКТИ И ОДЛУКИ.
Наместо и понатаму да го трпиме непочитувањето и неспроведувањето на волјата на народот и уривањето на нашите права и достоинство, на македонскиот народ и на државата Македонија, сега со вашата поддршка со потпис, најпрво да се избориме и да успееме да ги собереме потребните 1000 ваши ценети потписи во Изборната единица 1 (Карпош, Сарај, Кисела вода, Сопиште, Студеничани, Центар, Аеродром, дел од Чаир, Македонски брод) и да можеме да се кандидираме на парламентарните избори, да имате можност да изберете СВОИ ДОСТОЈНИ НАРОДНИ ПРЕТСТАВНИЦИ ВО СОБРАНИЕТО.
За да можеме заедно со сите вас да го градиме и воспоставиме ПРОНАЈДЕНИОТ ПРИНЦИПИЕЛЕН СИСТЕМСКИ НАЧИН ЗА ЕЛИМИНИРАЊЕ И СУЗБИВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА И КРИМИНАЛОТ, на сите нивоа во нашето општество и држава, поради кои страда и нашата сувереност и нашите права.
Со кој, конечно ќе профункционира правната држава и владеењето на правото.
Да ја оствариме нашата желба за враќање на сувереноста и надежта за иднината на младите во Македонија.
Од денес, СВОЈОТ ПОТПИС може да го дадете во подрачните одделенија на ДИК ( во Изборна единица 1).
Потребно е да имате со себе важечка ЛИЧНА КАРТА или ПАСОШ.
Да сте запишани во Избирачкиот список за Изборна единица 1.
Својот потпис освен за нашата листа може да го дадете и за другите листи на кандидати за Претседател ( за кој сметате дека треба да дадете поддршка).
Потписите може да ги дадете во подрачните одделенија на Државната изборна комисија во ИЕ 1:
Подрачно одделение Карпош (надлежно за општините Карпош и Сарај). Ул. Стрезово бр.7 Козле (до средното угостителско училиште „Лазар Танев“, крајот на оградата, по скалите)
Подрачно одделение Центар (надлежно за општина Центар и Аеродром) На крајот од оградата на бараките на Општина Центар, има стрелки.
Подрачно одделение Чаир (надлежно за дел од Чаир, кој припаѓа во ИЕ1)(до полициската станица во Бутел)
Подрачно одделение Кисела Вода (надлежно за општините Кисела Вода, Студеничани и Сопиште) До општина Кисела вода, БАРАКА бр. 9
Канцеларија Македонски Брод ( надлежно за општина Македонски Брод) ул.„7-ми Септември“ бр.4 ( во зградата на Општина Македонски брод)
Во Македонски брод се уште не е доставена листата. Ќе ја доставиме и ќе известиме.
ВИ БЛАГОДАРИМЕ!